СРЕДБА НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ

„Огнено крштевање“ на Ристовски против Лазаров: Среќен сум што се видов со Борко (ФОТО)

Првиот пријателски дуел во рамките на подготовките за новата сезона, Борко Ристовски и Кирил Лазаров ќе го одиграат во Лисабон. 

објавено: 4 август 2018 - 11:50

Борко Ристовски ќе има „огнено крштевање“ пред фановите на Бенфика. Во Лисабон пристигна Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. Двата тима денеска (18 часот) во „Павиљон да Луз" ќе ги одмерат силите во рамките на подготовките за новата сезона.

Дуелот меѓу Бенфика и Нант, го најавија македонските репрезентативци.

„Ние сме во фаза на подготовки. Работиме повеќе физички, помалку на тактика. Овие мечеви се многу важни за млад тим како нашиот, ќе научиме многу од нив. Играме против еден од најдобрите тимови во Европа, имаат одлични играчи на секоја позиција...Ќе го дадеме максимумот“, изјави Борко Ристовски. 

Лазаров покажа дека е голем, најпрво изрази задоволство што е во Лисабон, а потоа дека оствари средба со својот соиграч од репрезентацијата.

„Среќен сум што  сум тука, во Португалија и што се сретнав со мојот пријател Борко. Се знаеме добро, играме заедно во репрезентацијата. Би благодарам за поканата. Бенфика има добар тим“.

 

Најново во Ракомет