МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВЕРЕН НА ФРАНЦУСКИОТ КЛУБ

Официјално: Кирил Лазаров во Нант до 2021 година! (ВИДЕО)

Нашиот десен бек одлучи да ја продолжи соработката со екипата на Нант, новиот договор ќе трае до јуни 2021. година.

објавено: 19 ноември 2018 - 19:05

Како што официјално известуваат од клубот, доаѓајќи во 2017. година македонскиот интернационалец перфектно се адаптира.

38-годишниот ракометар, најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите (1272 голови), базиран врз она што го знае најдобро, постигнување на голови, со голема визија во играта и човек кој носи драгоцено искуство во составот на Тјери Анти.

„Киро е еден од најдобрите ракометари во светот и тоа го покажа од доаѓањето во Нант. Природно сакаме да продолжиме да соработуваме со него. За клубот е исто така голема чест да се има играч од таков калибар", вели претседателот на Нант, Гаел Пелетие.

Исто така, среќен поради новиот договор е и нашиот репрезентативец:

„Дојдов во Нант, бидејќи знаев дека тимот игра со голем карактер. Се чувствувам добро во клубот, го сакам, како и неговите навивачи. Од година во година тимот расте, и сигурен сум дека во наредните години со заеднички сили ќе биде уште подобро", вели Лазаров.

Најново во Ракомет