ПРВО РЕМИ ЗА ШПАНЕЦОТ ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ

Ним испушти сензација: Им зеде само бод на Гонзалез и ПСЖ

По блескавите партии во француското првенство и Лигата на шампионите, победничката серија на ПСЖ заврши на гостувањето кај Ним. 

објавено: 26 септември 2018 - 19:59

Серијата од три победи на ПСЖ во низа во францускиот шампионат заврши на гостувањето кај Ним. Тимот предводен од македонскиот селектор, Раул Гонзалез се спаси од пораз во последните неколку минути, па на крајот мораа да бидат задоволни со реми (28-28).

Домашниот состав уште на стартот најави дека нема лесно да се предаде пред ѕвездите на ПСЖ, по првите 30. минути беше 11-11. Пред крајот Надим Ремили постигна важен погодок за водство, но Ним успеа да израмни. Токму Ремили беше најефикасен во редовите на ПСЖ, постигна девет гола од 15 обиди, зад него со пет погодоци беше Хансен. 

Следен предизвик за францускиот тим е Лигата на шампиони, поточно гостувањето кај Лино Червар и ППД Загреб.   

Најново во Ракомет