ЗА РАЗЛИКА ОД ЛШ, ВО ФРАНЦИЈА СЕ СИГУРНИ

Нант и Лазаров го чуваат врвот

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и неговиот Нант забележаа убедлива победа против Ним (30-25). 

објавено: 5 декември 2018 - 22:52

За разлика од Лигата на шампионите каде во последните четири меча Нант не може да се препознае, во францускиот шампионат не го дава врвот. Тимот за кого настапува Кирил Лазаров на гостувањето кај Ним го запиша 11 триумф, славеше со убедливи 30-25.

Капитенот на македонската репрезентација постигна само еден гол од два удари, прво име беше Балагер со шест погодоци.

Победа забележа и Раул Гонзалез, неговиот ПСЖ на домашен терен немаше проблем со Шамбери (26-22).

По 12. коло Нант е на првото место со 22 бода еден повеќе од ПСЖ, кој пак има натпревар помалку. 

Најново во Ракомет