НОВА БЛЕСКАВА ПАРТИЈА НА КАПИТЕНОТ

Фантастичен Лазаров: Турција и Грција нека му ја мислат

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров блеска во дресот на Нант оваа сезона. Со пет гола од исто толку обиди донесе нова победа. 

објавено: 17 октомври 2018 - 21:38

Кирил Лазаров одново е во центарот на вниманието. Капитенот на македонската репрезентација е причината за седмиот триумф во низа на Нант во францускиот шампионат. Нашиот „бомбардер“ сервисираше пет погодоци од исто толку обиди во мрежата на Истре за победа на гостински терен од 35-32. 

Блескавите партии на Лазаров сезонава во Лигата на шампионите и во тамошното првенство радуваат во пресрет на квалификациските мечеви против Турција (25.10) и Грција (28.10) за пласман на Европското првенство 2020 година. 

По седмото коло во францускиот шампионат е на првото место на табелата со максимален ефект од седум победи во исто толку натпревари.

Најново во Ракомет