ЖДРЕПКА ЗА МЛАДИНСКИТЕ ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА

Имаме шанси во Италија и Литванија

Попладнево на ждрепката во Виена женските репрезентации, кадетската ( до 17 години), односно младинската (до 19 години) ги добија противниците за ЕХФ Шампионатите на кои ќе настапат летово во Италија, односно Литванија.

објавено: 7 ноември 2018 - 14:59

Женската кадетска селекција на Македонија на ЕХФ Шампионатот, кој од 3 до 11 август следната година ќе се одржи во Пескара, Италија е дел од групата Б каде за противници ги има селекциите на Полска, Белорусија, организаторот Италија и Азербејџан.

Во групата А, пак ќе се натпреваруваат Чешка, Турција, Исланд, Косово и Израел.

Женската младинска репрезентација, пак, која лани беше домаќин на еден ваков ЕХФ Шампионат во Скопје, но тогаш во конкуренција на кадетки и го освои четвртото место, сега ќе се обиде одново во повозрасна конкуренција.

Младинките ќе играат на Шампионатот во Литванија од 15 до 21 јули 2019.

Македонија ќе се натпреварува во групата Б заедно со организаторот Литванија, Швајцарија и Грузија, додека во групата А се Чешка, Турција, Фарски Острови и Косово.

Најново во Ракомет