битолчани со ново засилување

Играч од шпанската АСОБАЛ лига доаѓа во Пелистер

Српскиот интернационалец Вук Перовиќ ќе го носи зелено-белиот дрес во новата сезона

објавено: 21 јули 2018 - 17:13

Српскиот интернационалец Вук Перовиќ е нов играч на Пелистер. Ракометна кариера Перовиќ ја започна во Црвенка а потоа настапуваше и за Врбас и Спартак Војпут од каде прави трансфер во унгарскиот Пекш каде со успех настапува две сезони.

Неговите добри игри го носат во силната шпанска Асобал Лига во тимот на Куенка, каде и настапуваше во минатата сезона.

Перовиќ кој има 28 години е втор нов ракометар од Србија а осми нов играч во зелено-белиот дрес и треба да му се приклучи на тимот за летните подготовки пред стартот на ракометниот турнир на кој Пелистер и Битола се организатори и домаќини на задоволство на сите ракометни љубители во градот и Македонија.

Најново во Ракомет