ЕХФ ЈА ПРЕМЕСТИ ЖДРЕПКАТА ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Пелистер в четврток го добива ривалот

ЖРК Пелистер в четврток (11 часот) во Виена ќе го добие противникот во осминафиналето од Челинџ купот во женска конкуренција.

објавено: 20 ноември 2018 - 15:35

ЖРК Пелистер в четврток (11 часот) во Виена ќе го добие противникот во осминафиналето од Челинџ купот во женска конкуренција. Единствениот македонски женски претставник на европската сцена требаше вчера да го добие следниот ривал во Челинџ купот, но ЕХФ одлучи да ја презакаже ждрепката за в четврток, кога заедно со осминафиналните парови Челинџ купот, ќе биде дефиниран и изгледот на групната фаза во ЕХФ купот.

Колку за потсетување ЖРК Пелистер е еден од носителите на ждрепката, односно е во првиот шешир заедно со ланскиот финалист Гран Канарија, како и уште еден шпански тим Магала, потоа хрватска Кока, Макаби Лизион од Израел, тимот што го елиминираше Куманово во 3. коло, холандски Геониус, како и полски Погон и шведски Кристијанштад. Тоа се ривали со кои не може да се соочи во осминафиналето.
Потенцијални противници за „зелените" се Фемина (Белгија), Гомел (Белорусија) Истогу (Косово), Квинтус (Холандија), Алавариум (Португалија), српскиот тим Наиса, Боден (Шветска), како и турски Јенимахале.
Првиот меч од осминафиналето ќе се игра викендот 2/3 февруари, додека реваншот е една недела подоцна, односно 9/10 февруари следната година.

 

Најново во Ракомет