ПРВА КОНТРОЛА ЗА ЕВРОПА

Еурофарм Работник загуби на „тестот" со Пик Сегед

„Фармацевтите" со 30:24 (13:11) беа поразени од унгарскиот првак во првата проверка на силите во подготвителниот период.

објавено: 18 јануари 2019 - 12:30

Еурофарм Работник со 30:24 (13:11) загуби од унгарскиот шампион Пик Сегед, во првиот пријателски натпревар од подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој „фармацевтите" ќе дебитираат во групната фаза од ЕХФ купот.

Лидерот во македонската Суперлига, по десетдневни подготовки во Србија, го имаше и првиот „тест", каде одигра одлично во првите 30 минути.

Еурофарм Работник не беше комплетен, недостасуваа Кузмановски, Крстевски и Чурлевски, а истото се однесува и за дел од првотимците на Пик Сегед, кои имаат репрезентативни обврски на СП.

Десното крило Ѓукиќ беше најефикасен со седум гола во редовите на „фармацевтите".

Еурофарм Работник по ова гостување продолжува да ја темпира формата во Србија, каде веќе утре ќе одигра нов пријателски натпревар со Спартак Суботица.

Најново во Ракомет