ДВАТА КЛУБА ГО ДОЗНАА СВОЈОТ РЕЈТИНГ

Еурофарм Работник - Тинекс Пролет, можна европска пресметка

Македонските претставници во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник и Тинекс Пролет би можеле да се сретнат во третото квалификациско коло во ЕХФ Купот. 

објавено: 10 јули 2018 - 17:36

Еурофарм Работник и Тинекс Пролет се останатите два тима кои ги чека европска авантура. Македонските претставници во ЕХФ Купот денеска го дознаа својот рејтинг, според кој би можеле да се сретнат во третото коло во ова натпреварување.

Екипата на Еурофарм Работник има директно место во третото коло. Битолчани се најдоа во ист шешир со Берлин, Магдебург, Гранољерс, Ла Риоха, Хановер, Кил, Холстебро, Татабања, Азоти Пулави, Ст. Рафаел, Куенка, Гог, Малме, Нексе и Балатонфуреди.

Што се однесува до Тинекс Пролет е во вториот шешир, доколку го мине второто коло може да игра токму против Еурофарм Работник. Можни противници на македонскиот тим се: СКА Минск, Винтертур, Рибница, Констанца, Гвардиа Ополе, Бенфика, Драмен, Вестманејар, Спартак Москва, Ахилес, Бањик Карвина, ЗТР Запороѓжје, Макаби Ришон Лезион, Олимпјакос, Војводина и Алпла Хард.

Ждрепката Тинекс Пролет е на 17 јули, за Еурофарм е на 16 октомври. 

 

Најново во Ракомет