ПРЕДВОДНИКОТ НА ЕУРОФАРМ РАБОТНИК ПО МЕЧОТ СО ХАНОВЕР

Чирковиќ: Вечерва не загубивме, туку научивме лекција

„Честитки за победата на Хановер. Вечерва ние не загубивме, туку научивме лекција“, беше ставот на тренерот на Еурофарм по мечот со Германците. 

објавено: 9 февруари 2019 - 23:01

Вечерва во групата „Б“ од ЕХФ ракометниот Куп, Еурофарм работник го претрпе првиот пораз на гостувњето кај бундеслигашот Хановер со 24:21. Македонскиот претставник добро се носеше со противникот, имаа и шанса за изненадување, меѓутоа на крај искуството и голманот Лесјак не дозволија да се случи такво нешто. 

Стратегот Ѓорѓе Чирковиќ смета дека неговиот тим вечерва научил добра лекција. 

„Честитки за победата на Хановер. Вечерва не загубивме, туку научивме лекција. Хановер има проблеми со неколку повредени ракометари и им посакувам да ги надминат тие проблеми. Ние имаме уште пет натпревари да го покажеме нашето најдобро издание", рече Чирковиќ. 

Најново во Ракомет