СЕ РАСЧИСТУВА РАСПОРЕДОТ ПРЕД КЕЛН

Вардар во турбо-ритам

Поради настапот на Вардар во четвртфиналето на ЕХФ лигата на шампините беа одложени натпреварите од групата од Купот на Македонија чиј домаќин е Вардар.

објавено: 7 мај 2018 - 08:00

Вардар до Келн продолжува во турбо ритамот. По одигрувањето на мечевите од плеј-офот, на ред дојде Купот на Македонија. Поради четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите, Раул Гонзалез и неговите избраници беа принудени да ги одложат сите останати домашни обврски. 

Денеска Вардар го игра првиот натпревар од 1/4 финалето во Купот на Македонија, во 11 часот ќе ги одмери силите со Металург 2, додека два часа подоцна се среќаваат Борец - Металург јуниор.

Победниците од полуфиналните натпревари ќе играат во финалето од 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански".

Досега на Ф4 турнирот се пласирани: Металург, Еурофарм Работник и Пелистер. Финалниот турнир ќе се игра на 18 и 19 мај. Ждрепката за полуфиналето и домаќинот на турнирот ќе бидат дополнително одредени. 

Најново во Ракомет