НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА „ЗЕЛЕНО-БЕЛИТЕ"

Стефан Дрогришки се врати во „својот" Пелистер

Детето на Пелистер, Стефан Дрогришки од денес е нов играч во зелено-белиот табор откако спогодбено го раскина договорот со претходниот клуб Еурофарм Работник.

објавено: 9 ноември 2018 - 12:45

Минувајќи низ сите школи на Пелистер, првиот повик за прв тим Дрогришки го добива од екс селекторот на Македонија тогашен тренер на Пелистер, Звонко Шундовски за подоцна под раководство на Зарков и Поповски да зиагра и во селeкцијата до 17 години.

Стефан Дрогришки е екс македонски репрезентативец на Македонија кој играше на европското младинско првенство во Австрија како и со сениорите на Светското првенство во Франција на кое остави добар впечаток како млад играч.
Со успех настапуваше и за екипата на Металург под раководство на Лино Червар во Лигата на Шампиони, СЕХА Лига и СуперЛигата на Македонија.
Овој 194 сантиметри висок лев бек ќе биде големо засилување во тимот на Јошко Петковиќ во продолжението на Суперлигата.

Најново во Ракомет