Станојевиќ стави потпис за „зелените“

Србинот, утре, во пријателскиот натпревар со Струга ќе дебитира во редовите на Пелистер.

објавено: 12 февруари 2019 - 14:39

Српското засилување во редовите на Пелистер, Александар Станојевиќ, од денеска и официјално е нов играч на битолскиот суперлигаш.

Доаѓањето на бекот беше најавено уште на средината на јануари, но со потпишувањето на договорот дефинирани се сите детали.

Станојевиќ веќе неколку дена е во Битола и тренира со тимот, а за него тоа не е прв престој во „градот на конзулите“ со оглед на тоа дека пред десет години како играч на Металург, заедно со Реваз Чантурија му гостувале на Пелистер.

„Импресиониран сум од богатата историја на клубот и од тоа кој се играл за ’зелено-белите’, како и за бројните трофеи кои ги освоил Пелистер“, истакна Станојевиќ.

Србинот во дресот на Пелистер ќе дебитира утре (18:30 часот) на првиот пријателски меч во подготвителниот период против Струга.

 

Најново во Ракомет