ЕДЕН ОД НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ НА БАЛКАНОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ

Соработката конечно официјализирана: Ѓукиќ потпиша со Металург!

објавено: 5 август 2014 - 22:21

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, Металург конечно ја официјализираше соработката и потпиша договор со еден од најталентираните млади ракометари на Балканот, Дарко Ѓукиќ.

Она што долго време се најавуваше, денес се реализира. Од редовите на Железничар како засилување на десната крилна позиција пристигна Дарко Ѓукиќ кој е висок 193 сантиметри и во тимот ќе ја дели минутажата со македонскиот ракометар Гоце Георгиевски.

„И се радувам на соработката со еден од најдобрите тренери во светот, Лино Червар. Се радувам што ќе бидам дел од еден голем клуб, каков што е Металург. Секако, посебен аргумент во полза на моето доаѓање во Металург е и настапот во Лигата на шампионите. Металург за мене е нов предизвик, нова средина, и јас се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата. Се надевам дека периодот поминат во Металург ќе го искористам за мој дополнителен развој“, изјави новодојдениот ракометар за официјалната страна на клубот.

Со екипата од Автокоманда, 20-годишниот Ѓукиќ кој веднаш замина за Маврово да им се приклучи на останатите ракометари потпиша тригодишен договор.

Најново во Ракомет