ЕУРОФАРМ РАБОТНИК СО ПРВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ПОЛУСЕЗОНАТА

Радовиќ ново крило на "фармацевтите"

Стратег Ѓорѓе Чирковиќ може да го користи на две позиции, тој е десно крило, кое по потреба може да игра и како десен бек.

објавено: 12 јануари 2019 - 18:36

Црногорецот Мирко Радовиќ е новото засилување на битолскиот тим, Еурофарм Работник.

Радовиќ е првото засилување на "фармацевтите" на полусезона, а доаѓа од тимот на Ловќен, а стратег Ѓорѓе Чирковиќ може да го користи на две позиции, тој е десно крило, кое по потреба може да игра и како десен бек.

Радовиќ нема да биде единственото засилување за македонскиот претставник во групната фаза од ЕХФ купот, кој формата за пролетниот дел од сезоната ја темпира во Србија.

Најново во Ракомет