СУПЕР-ЛИГА

Работник „гази“, Струга „тоне“, тепачка во Охрид

Еурофарм Работник и натаму е единствениот тим без пораз во супер-лигашкото друштво. Во Охрид беше жешко, четворица играчи заработија сини картони. 

објавено: 14 ноември 2018 - 21:35

ФОТО: www.ohridnews.com

По деветото коло во Супер-лигата не се промени ништо барем кога станува збор за Еурофарм Работник. Лидерот ја запиша и деветата победа во низа, го совлада Вардар Јуниор со 40-23, како загревање за она вистинското. Двомечот со Берн во раките на третото коло во Купот на ЕХФ.  Ојлески со осум и Ивановиќ и Ѓукиќ со по шест гола беа први имиња кај битолчани. 

Струга влезе во црна серија од четири порази. Избраниците на Андон Бошковски на домашен терен беа совладани од Бутел Скопје со 23-24 и паднаа на шестото место на табелата во Супер-лигата. Мојсоски постигна седум гола, Мајиќ имаше два помалку.

Важна победа во битката за второто место на табелата оствари Охрид, го доби дуелот со Пелистер со 25-22. Мечот го одбележа и инцидент, пред крајот на првото полувреме дојде до физичка пресметка меѓу ракометарите. Сини картони дбија Георгиевски и Димитријески од Охрид, додека кај гостите Рајичиќ и Димитровски.

Тасески со пет и Соколов со четири гола беа најефикасни во таборот на Охрид, Кобетиќ постигна шест гола за Пелистер

Резултати девето коло: Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 40-23 (20-12), Радовиш – Борец 45-34 (22-14), Струга – Бутел 23-24 (11-13), Охрид – Пелистер 25-22 (11-12), Прилеп – Пролет 27-40 (13-19).

Табела: Еурофарм Р. 27, Бутел Скопје 21, Охрид 21, Пролет 18, Пелистер 18, Струга 10, Вардар Јуниор 9, Радовиш 6, Прилеп 4, Борец.

Најново во Ракомет