MAКЕДОНСКА СУПЕР ЛИГА

Победи на Охрид и Пролет

Ракометарите на Пролет и Охрид денеска забележаа убедливи победи над Борец односно Радовиш

објавено: 13 декември 2018 - 20:17

Пролет очекувано славеше убедливо против Борец со 42:26 додека Охрид беше поуспешен во дуелот со Радовиш со 41:32 во натпреварите од 14. коло во македонската Супер лига. Михаил Аларов со осум гола беше најефикасен кај победничката екипа, додека Борис Илиевски од Борец беше најдобар стрелец на мечот со 11 погодоци.

Охриѓани на крилата на Бобан Блажески кој даде 10 гола стигнаа до лесна победа над Радовиш. Гостите го имаа расположениот Божидар Симиќ даде исто толку голови, меѓутоа одбраната беше послабата страна на тимот на овој меч.

На табелата Еурофарм Работник води со 37 бода но има меч помалку. Охрид се искачи на втората позиција со 30 бода, а зад нив е Пролет со 27 односно поен повеќе од четвртиот Бутел кој има и меч помалку. 

Вечерва во Битола играат Пелистер и Вардар Јуниор.

Најново во Ракомет