МЕТАЛУРГ НА ПРВОТО ГОСТУВАЊЕТО ВО ЛИСАБОН СО ПРОБЛЕМИ

Маките на Брестовац продолжуваат: Како со помал број ракометари до добра игра?

Данило Брестовац повторно го чека еден натпревар на кој не ќе може да смета на комплетен состав со кој располага Металург, бидејќи на листата на повредените се уште фигурираат Мартин Велковски и Томи Јагуриновски.

објавено: 13 септември 2018 - 12:35

Данило Брестовац повторно го чека еден натпревар на кој не ќе може да смета на комплетен состав со кој располага Металург, бидејќи на листата на повредените се уште фигурираат Мартин Велковски и Томи Јагуриновски. Марио Танкоски, пак, ќе патува за Лисабон, но вистинско прашање е колку ќе може да му помогне на својот тим.

"Не чека натпревар со сериозна екипа, која располага со цела низа на искусни ракометари. Нашиот, пак, проблем е што и на овој натпревар нема да бидеме комплетни. Велковски и Јагуриновски остануваат во Скопје, а Танковски ќе патува, иако не е 100 % подготвен. Добра вест е што во тимот за прв пат ќе ги имам средниот бек Лука Стојановиќ и пикерот Адријан Миличевиќ, што ќе ми даде малку поголема слобода во ротациите. Секако дека сме оптимисти, но за да се извлече добар резултат во Лисабон ќе треба да се поклопат многу коцки. Ќе треба да играме дисциплинирано и паметно. Принудени сме да се базираме на помал број на ракометари и од играта на секој од нив ќе зависи и исходот на средбата. Имаме уште малку време за подготовки, ќе одработиме уште два тренинга, а ќе имаме и две видеоанализи", вели Брестовац.

Металург патува утре сабајле, со лет од Скопје, преку Загреб до Лисабон.

Во Лисабон ќе заминат 13 ракометари: Томовски, Даниловски, Јагањац, Лазаревски, Димитриоски, Токиќ, Шилегов, Танкоски, Серафимов, Маџовски, Арсеновски, Стојановиќ и Миличевиќ.

Најново во Ракомет