ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОСЛАБОТО ИЗДАНИЕ НА СТАРТОТ

Кузмановски уште боли: Го направивме лидер, ни го „украдоа“, не е фер...

Проблемот со играчи во ротација во таборот на Металург стана уште поголем по заминувањето на Филип Кузмановски. 

објавено: 28 септември 2018 - 13:00

Проблемот со играчи во ротација во таборот на Металург стана уште поголем по заминувањето на Филип Кузмановски. Тренерот Данило Брестовац потенцира дека потегот на Еурофарм Работник е неспортски. 

„Направивме лидер во екипата, Кузмановски, а ни го „украдоа“, не е фер. Тоа е неспортски, не критикувам никого и Металург го правел истото во минатото. Но и тогаш сум го имал истиот став како и сега, мора да постои некој спортски бон-тон“, рече Брестовац.  

Кузмановски откако не успеа да најде заедничко решение со челниците на Металург околу заостанатиот долг преку РФМ доби слобода, а потоа потпиша за Еурофарм Работник. 

Најново во Ракомет