Продолжува процесот на формирање на тимот

Кукоски и Чурлевски остануваат дел од Еурофарм Работник

За следната натпреварувачка сезона клубот од Битола постигна договор за продолжување на соработката со уште двајца свои ракометари.

објавено: 5 јули 2018 - 10:05

Продолжува процесот на формирање на тимот на Еурофарм Работник за следната натпреварувачка сезона. клубот од Битола постигна договор за продолжување на соработката со уште двајца свои ракометари.

Милорад Кукоски се обврза на верност на уште една сезона и ќе остане да ја предводи одбраната на битолскиот суперлигаш. Стружанецот се врати од Романија во Битола и ги оправда очекувањата во својата прва сезона.

Филип Чурлевски, кој игра на позицијата среден бек, во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник. Така, клубот скоро целосно го заврши екипирањето за новата сезона која почнува оваа есен.

Најново во Ракомет