Поради технички проблеми

Градското дерби Пелистер - Еурофарм одложено

Битолската пресметка требаше да биде на програмата во сабота навечер... Ќе се игра во вторник...

објавено: 14 септември 2018 - 15:28

На домашната сцена во првото коло на Суперлигата меч број еден требаше да биде градското дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник во Битола. Но тоа е одложено.

Причина е технички проблем во салата во Битола. Одложувањето го побарал Пелистер, а го прифатиле Еурофарм и РФМ. Дербито најверојатно ќе се игра во вторник.

Во првото суперлигашко коло, силите ќе ги одмерат, сабота: Борец – Струга (19), Вардар Јуниор – Радовиш (18.30). Недела: Бутел – Прилеп 2010 (12), Пролет – Охрид (19.30).

Најново во Ракомет