ГОЛЕМ ДЕН ЗА ИСКУСНИОТ РАКОМЕТАР

Горан Кузманоски и официјално дипломиран тренер (ФОТО)

Македонскиот ракометар, Горан Кузманоски денеска во Белград, својот отпимизам и љубов кон спортот ги спои во едно - дипломиран ракометен тренер. 

објавено: 19 јули 2018 - 17:24

Македонскиот ракометар Горан Кузманоски денеска и официјално стана дипломиран тренер. Членот на Еурофарм Работник кој студираше на факултетот за спорт во Белград го одбрани својот дипломски труд.

„Кога ќе се спојат отпимизмот и љубовта кон овој спорт, резултатот е дипломиран ракометен тренер“, пиша Кузманоски на „Фејсбук“.

Кузманоски веќе има искуство како тренер, во Одорхеи, романскиот тим каде мина осум години, покрај лидер во тимот, тој ја извршуваше и функцијата на стратег.

Најново во Ракомет