НОВИОТ ГОЛМАН МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК НЕ КРИЕ

Гедбан: Мојот сон е остварен - ќе бранам за Вардар

Алжирскиот младински репрезентативец ја доби потребната виза, па во следните два дена треба да пристигне во СЦ „Јане Сандански".

објавено: 19 септември 2018 - 10:30

Калифа Гедбан е последниот дел од вардаровиот мозаик за оваа сезона. Пред една недела Калифа Гедбан беше потврден од страна на македонскиот првак како последно засилување оваа сезона. Алжирскиот младински репрезентативец ја доби потребната виза, па во следните два дена треба да пристигне во СЦ „Јане Сандански".

22-годишниот голман не го крие своето задоволство што ќе биде дел од составот на Вардар.

„Ветувам дека ќе ја оправдам довербата на челниците на Вардар и очекувањата на фановите. За мене е голема чест што ќе го носам „црвено-црниот" дрес. Мојот сон се оствари, ќе го бранам голот на Вардар, најдобриот тим во светот", порача Гедбан пред да слета во Скопје.

Веднаш по пристигнувањето во Скопје, Гедбан ќе мора да ги помине задолжителните лекарски прегледи, а потоа да им се приклучи на своите нови соиграчи. Доколку се оди според планираното, можно е да се најде во составот на македонскиот тим за дуелот со Кристијанштад во сабота. 

 

Најново во Ракомет