ПЕЛИСТЕР СО ИЗВИНУВАЊЕ ДО ФАНОВИТЕ

Еве зошто е одложено битолското дерби

Градското дерби меѓу Пелистер и Еурофарм Работник е одложено за во вторник со почеток во 18:30 часот. 

објавено: 14 септември 2018 - 19:00

Откако беше одложено дербито со Еурофарм Работник во рамките на првото коло во Супер-лигата, Пелистер и официјално им се извини на фановите. Единствен проблем за ваквиот потег е процесот на реновирање на салата „Боро Чурлевски“, која во моментов се дотерува според ЕХФ стандарди, бидејќи Македонија квалификацискиот дуел за ЕП 2020 со Турција ќе го игра токму во Битола.

Соблекувалните кои целосно се реновираа (дел не се готови) биле проблем за одигрување на градското дерби, па токму затоа дуелот е презакажан за во вторник со почеток во 18:30 часот.   

 
 
 
View this post on Instagram

Официјално натпреварот РК Пелистер - Е.Работник се одложува !! Проблемот поради кој се одложува градското дерби е од техничка природа и поради константното реновирање на спортската сала "Боро Чурлевски" која влезе за исполнување на ЕХФ стандардите и подготовката за натпреварот Македонија-Турција . Новиот термин за натпреварот кој требаше да биди дерби на колото дополнително ќе го соопштиме во координација со Еурофарм Работник и Ракометната федерација на Македонија , додека место и времето остануваат исти Спортска Сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:30 минути. Воедно му се извинуваме на сите наши фанови и битолски љубители на ракометот што нема да можат да го проследат дерби дуелот во викенд термин но затоа битолската пресметка нема да изостане и очекуваме голема посетеност и подршка за нашите "зелено-бели" во новиот термин престојниот вторник (18.09.2018) Со почит , РК Пелистер .

A post shared by Pelister Handball Club Bitola (@rkpelister) onSep 14, 2018 at 8:58am PDT

Најново во Ракомет