СУПЕР-ЛИГА

Доминација на Еурофарм Работник, се „разгоре“ битката за второто место

Еурофарм Работник и по осмото коло има максимален учинок. Бутел, Охрид и Пелистер со по 18 бода го делат второто место на табелата во Супер-лигата. 

објавено: 10 ноември 2018 - 21:12

Лидерот Еурофарм Работник и по осмото коло во Супер-лигата е единствениот тим без пораз. Битолчани овој пат имаа лесна задача, на домашен терен го совладаа Охрид со двоцифрена разлика 31-21. По 15-13 на полувремето Работник во следниот период постигна 16 гола, ја зацврсти одбраната и лесно го приведе мечот.

Ѓукиќ со 11 гола беше прв стрелец, додека Никола Марковски постигна шест гола.

Бутел, Охрид и Пелистер се трите тима кои водат битка за второто место. Бутел и Пелистер направија голем чекор по денешните победи над Радовиш односно Прилеп. 

Осмото коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Борец и Вардар Јуниор. 

Резултати 8 коло: Бутел – Радовиш 33-25, Еурофарм Работник – Охрид 31-21, Тинекс – Струга 30-23, Пелистер – Прилеп 35-23.

Табела: Еурофарм Работник 24, Бутел 18, Охрид 18, Пелистер 18, Пролет 15, Струга 10, Вардар Јуниор 6, Прилеп 4, Радовиш 3, Борец 0.

Најново во Ракомет