ХРВАТОТ ВЕРУВА ДЕКА ВАРДАР МОЖЕ ДА ГО ПОВТОРИ ЛАНСКИОТ УСПЕХ

Циндриќ: Монпелје е опасен тим, но одбраната е нашето најсилно оружје

„Подготвени сме и едвај чекаме да почне“, вели Лука за „Спортмедиа“.

објавено: 25 мај 2018 - 13:41

Од Келн, Марија Ковачева и Весна Николовска 

Лука Циндриќ беше минатогодишниот херој од полуфиналето во Келн, кога до даде победничкиот гол за победа над Барселона. Циндриќ вели дека Вардар е подготвен и сезонава да стигне до тронот.

„Горди сме што повторно сме дел од фајнл-форот. Притисок е голем, но едвај чекаме да тргне. Подготвени сме и се надевам дека можеме да стигнеме до крајот. Сите екипи кои се тука, заслужено се дел од фајнл форот. Психички и физички сме подготвени во сите 60 минути да се бориме во полуфиналето. Монпелје покажа дека е одлилен тим. Играат брз ракомет, имаат одлична транзиција, опасни се еден на еден. Сепак добро сме подготвени и се надевам дека ќе ги искористиме предностите во одбраната, да ја спречиме брзата контра. Одбраната е клуч на нашата игра. Одиме чекор по чекор. Не сме збореле за финале. Фокусирани сме на Монпелје“, ни изјави Циндриќ. 

Најново во Ракомет