СЕЛЕКТОРОТ СРЕЌЕН ОД ПРВАТА ПОБЕДА НА ЕХФ ШАМПИОНАТОТ

Брестовац: Игравме дисциплинирано, сите беа на високо ниво!

Македонските ракометни надежи на ЕХФ шампионатот во Скопје триумфираше убедливо на стартот против Велика Британија со 32:15.

објавено: 20 јули 2018 - 21:46

Селекторот на македонската машка младинска репрезентација, Данило Брестовац после мечот изјави дека е среќен поради победата.

„Игравме дисциплинирано и рутински. Сите играчи беа на високо ниво. Игравме многу добро во одбраната и мислам дека ќе бидеме подобри во наредните мечеви".

Вториот меч од групата Б нашата селекција ќе го има в понеделник од 18:00 часот против Италија во СЦ „Борис Трајковски" - Скопје.

Најново во Ракомет