„ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СО РЕЧИСИ ДЕФИНИРАНА ПРЕДСЕЗОНСКА АГЕНДА

БОГАТ АВГУСТ ЗА ВАРДАР: Прво на „Хејде куп“ во Германија, потоа на турнир во Франција

Учеството на првиот турнир беше потврдено уште во февруари, додека сега е официјален и настапот на турнирот во Стразбур. Ривали на вардарци се Мешков Брест, Монпеље, Веспрем и Нант.

објавено: 11 мај 2018 - 18:00

Европскиот првак Вардар мисли на одбрана на титулата во Лигата на шампионите за 15-тина дена во Келн, а паралелно ја дефинира и агендата за следната сезона.

Ако во февруари беше потврден настапот на „Хејде купот" во Шневердинген, Германија (10 – 12 август), сега е јасно дека „црвено-црните" од таму продолжуваат во Франција, каде од 23 до 26 август ќе настапат на турнирот во Стразбур.

Противници на вардарци ќе белорускиот првак и СЕХА ривалот, Мешков Брест, актуелниот противник во полуфиналето на Ф4 во Келн, Монпеље, Нант на Кирил Лазаров, како и Веспрем.

Што се однесува до ривалите на Вардар на „Хејде куп" таму ќе се соочат со Кристијанштад, Монпеље, Лајпциг, Хамбург и Фуксе Берлин.

Најново во Ракомет