ПОРТУГАЛЕЦОТ НЕ САКА ДА СЕ ВРАТИ ДОМА

Жозе го одби клубот во кој ја почна кариерата!

Португалецот ја одбил можноста да биде тренер на португалскиот гигант Бенфика и да направи експресно враќање на фудбалот

објавено: 6 јануари 2019 - 16:30

Според дел од португалските и англиските медиуми, Мурињо ја одбил поканата на Бенфика да биде нивен тренер на местото на отпуштениот Руи Виторија. Шефовите на Бенфика биле спремни да ги исполнат сите желби на Мурињо, па дури и висината на платата и бонусите, но поранешниот тренер на Порто, Интер, Реал и Манчестер Јунајтед не сакал да се пресели на „Луж".

Мурињо всушност ја почнал тренерската кариера во Бенфика, во овој клуб помина шест месеци меѓутоа двете страни не се договорија за продолжување на соработката. Од таму кратко работел во Леирија, па се преселил во Порто со кој ја почна жетвата на европски трофеи.

Најново во Меѓународен Фудбал