ФЕНЕРБАХЧЕ И ГАЛАТАСАРАЈ ПРЕД СЕДУМ ДЕНА РЕМИЗИРАА (2:2)

Жестоки казни за нередите во турското дерби: 43 натпревари суспензија!

Да потсетиме, екипите на Фенер и Галата пред една недела одиграа нерешено во дербито (2:2) во рамките од 11. коло на турскиот шампионат.

објавено: 8 ноември 2018 - 20:22

Веднаш после завршувањето на мечот беше направен хаос и жестоки судири меѓу играчите на двата тима, а во спречувањето на поголем инцидент придонесе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Неговиот соиграч Жаилсон го започна целиот неред, откако ги удри и провоцираше ривалите кои потоа почнаа да го бркаат Бразилецот кој мораше да бега кон соблекувалните.

Со помошта на ВАР, видео технологијата, црвени картони добија Жаилсон, неговиот тимски колега Солдадо и играчот на Галатасарај, Ндиаје.

Турската фудбалска федерација прилично донесе големи ригорозни казни за учесниците во хаосот.

Галатасарај помина далеку полошо и тоа неговата клупа. Тренерот Фатим Терим е суспендиран на седум натпревари, а неговиот помошник Хасан Сас осум.

Од играчите на Галата, Рајан Донк доби шест, Баду Ндиаје пет, а Гери Родригес три. На спротивната страна кај фудбалерите на Фенер, Жаилсон доби осум, а Роберто Солдадо шест мечеви суспензија.

Најново во Меѓународен Фудбал