ЧЕСТИТКИ ОД СИТЕ СТРАНИ

Здравко Мамиќ со легендарна изјава: Ако сонувам, ве молам не будете ме!

По пласманот на Хрватска во финалето на Светското првенство се огласи и Здравко Мамиќ. 

објавено: 12 јули 2018 - 11:00

Хрватска е на нозе, фудбалската репрезентација на оваа земја се пласираше во финалето на Светското првенство во Русија, откако ја совлада Англија со 2-1 по продолжение. На адресата на хрватските јунаци постојано стигаат честитки, а во текот на денешниот ден се огласи и Здравко Мамиќ.

„Ако сонувам, ве молам не ме будете. Уште еднаш се потврди она што секогаш го тврдев - хрватскиот фудбал е најдоброто што оваа земја го има. Ви благодарам јунаци, вие играјте, а јас ќе се молам за вас“, пиша на својот „Гесјбик“ профил Здравко Мамиќ.

 

Најново во Меѓународен Фудбал