ПОСЛЕ ФУДБАЛОТ ВО КРИМИНАЛНИ ВОДИ

Затворска казна од 75 години за мексикански репрезентативец

Омар Ортиз, мексикански голман и поранешен репрезентативец останатиот дел од животот ќе го помине зад решетки поради криминални дејствија

објавено: 9 јануари 2019 - 21:30

Ортиз е прогласен виновен за учевство во три киднапирања за нарко картел меѓу кои и Армандо Гомез, сопругот на популарната мексиканска пејачка Глорија Теви.
Ортиз, познат под прекарот „Мачка" бил уапсен во јануари 2012 година и бил држен во затворот Кадерејта, а доказите го поврзуваат во киднапирање на тројца луѓе и за тоа добивал по 4.100 американски долари за секого, а судот му пресуди висока затворска казна. Со оглед на тоа дека има 42 години тоа значи дека ќе биде доживотно на робија.
Ортиз ги извршил делата меѓу 2011 и 2012 година додек абил суспендиран од фудбалот поради допинг. Често запаѓал во неволји, а локалните власти го обвинуваа за конзумирање на кокаин и шверц.
Инаку тој е поранешен член на Монтереј, Чиапас, Несакса, Атланте, а има и еден настап за мексиканската репрезентација.

 

Најново во Меѓународен Фудбал