НАД 2.500 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА РЕДОТ, 10.000 НАВИВАЧИ НА „БЕРНАБЕУ“

ВРЕМЕ Е ЗА СПЕКТАКЛ: Ривер Плата пристигна во Мадрид! (ВИДЕО)

Ривер Плата пристигна во Мадрид пред реванш натпреварот од финалето на „Копа Либертадорес", кој треба да се одигра в недела (9. декември, 20:30 часот) на стадионот „Сантијаго Бернабеу" во шпанската престолнина.

објавено: 6 декември 2018 - 12:17

Во аргентинската пресметка Ривер ќе се соочи со својот најголем ривал, Бока Јуниорс, откако реваншот помеѓу двата тима на „Монументал" стадионот беше одложен. Ова се случи поради нападот на фановите на Ривер Плата врз автобусот на Бока непосредно пред вториот меч меѓу двата тима. Во инцидентот, играчите на „златно-сините" беа повредени, поради што следуваа низа одложувања.

Да потсетиме, првиот дуел заврши со резултат 2:2, според најавите повеќе од 2500 шпански полицајци ќе се грижат за редот околу средбата меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.

Се очекува околу 10.000 илјади навивачи на Бока и Ривер да патуваат од Аргентина до Шпанија за вториот финален меч на најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка.

Најново во Меѓународен Фудбал