ШВЕЃАНЕЦОТ ИМ СТАВИ КРАЈ НА СИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ

ВО СВОЈ СТИЛ: Еве каде Ибра ќе ја продолжи кариерата (ВИДЕО)

Откако на Златан Ибрахимовиќ му истече договорот со Лос Анџелес Галакси, многу се шпекулираше околу тоа кој би бил следниот негов ангажман...

објавено: 17 декември 2018 - 16:05

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед беа меѓу фаворитите, а во последен момент Швеѓанецот мораше да се откаже и од интересот на својот поранешен клуб Милан, а да не се и заборави огромната казна од УЕФА за „росонерите".

Денеска во свој стил шведскиот интернационалец најави дека ќе ја продолжи верноста кон Галакси на барем уште една сезона во американската МЛС лига.

На „Твитер" напиша дека сеуште не завршил со МЛЗ лигата, заменувајќи ја буквата С со почетната буква од своето име.

Најново во Меѓународен Фудбал