СЕГА МУ ТЕКНА ДА СИ КАЖЕ

Венгер призна: Згрешив што останав 22 години во Арсенал

Новата сезона во англиската Премиерлига за прв пат по повеќе од две децении ќе биде без францускиот стратег

објавено: 17 јули 2018 - 18:40

Новата сезона во англиската Премиерлига за прв пат по повеќе од две децении ќе биде без францускиот стратег Арсенл Венгер. Легендарниот менаџер на Арсенал од пред неколку месеци реши дека е време да си замине од клупата на „топчиите“. 

Во текот на последната сезона, Арсенал имаше повеќе разочарувачки резултати, па навивачите започнаа акција за заминување на Венгер од клупата. На крајот тоа и се случи, а францускиот стратег признава дека згрешил што останал толку долго во клубот. 

„Веројатно останувањето 22 години во еден клуб“, рече Венгер, на прашањето што смета за најголема грешка во кариерата. „Јас сум човек кој многу сака да креира, да создава, но сакам и предизвици. Цело ова време бев затворен од сопствениот предизвик“, вели Венгер, кој ја заврши авантурата во Арсенал. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал