ГЛАСАА 1,8 МИЛИОН НАВИВАЧИ

УЕФА тим на годината: Доминација на Реал, Челзи има двајца, Меси и Роналдо!

Еден месец гласаа фановите, Европската куќа на фудбалот денеска го објави најдобриот тим за 2018. година.

објавено: 11 јануари 2019 - 18:00

Посетителите на УЕФА, од нив 1,8 милиони, ја избраа идеалната екипа од играчи кои ги одбележаа претходните 12 месеци. Може да се каже без поголеми изненадувања...

Во формација 4-3-3 доминираат играчите на Реал Мадрид, можеби и очекувано со оглед на фактот што „кралевите" ја освоија европската и светската титула, а на репрезентативен план Лука Модриќ и Рафаел Варан имаа главна улога на Мундијалот во Русија. Доминацијата на Реал ќе беше уште поизразена ако Кристијано Роналдо не направеше трансфер во Јувентус во текот на летниот преоден рок.

Покрај Варан местото стопер е резервирано за Ван Дајк, на голот е Тер Штеген, а секако не можеше да помине ѕвездата на Барселона, Лео Меси.

Идеалниот тим на УЕФА: Тер Штеген (Барселона), Рамос (Реал Мадрид), Ван Дајк (Ливерпул), Варан (Реал Мадрид), Марсело (Реал Мадрид), Канте (Челзи), Модриќ (Реал Мадрид), Азар (Челзи), Мбапе (ПСЖ), Меси (Барселона), Роналдо (Јувентус).

Најново во Меѓународен Фудбал