ДОЧЕКАА „ЕВРОПСКА ПРОЛЕТ", СЕ ПРОВЕСЕЛИЈА

Во моментите за историја „динамовци" славеа со песни на Синан, Митар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо од Загреб се пласираа во нокаут фазата од Лигата на Европа, а овој историски успех на клубот од Максимир се славеше со српска народна музика.

објавено: 9 ноември 2018 - 09:00

После скоро половина век, односно 49.години од постоењето, загрепски Динамо се избор за европска пролет. Откако убедливо го победија тимот на Спартак од Трнава (4:1), „модрите" можеа да почнат со славењето. На две кола пред крајот на групната фаза имаат недостижна предност
Па затоа и славењето во соблекувалната беше големо. А она што е особено интересно е дека среде Загреб, се славеше со српски народни песни.

Сите во некој транс го пееја сега веќе легендарниот хит на Митар Мириќ, „Не ни може никој ништо“, а во еден момент дури се „заврте и коло".
На „репертоарот" во клупските простории на Динамо беа и Халид Бешлиќ, Синан Сакиќ...
Со оглед на изборот на песни, многумина сметаат дека на овој начин фудбалерите на Динамо сакаа да му испратат порака на Здравко Мамиќ, затоа што познато е дека овие хитови се омилени песни на Мамиќ, кој како што е познато, пред извесно време беше „набркан" од клубот од „Максимир". 

Најново во Меѓународен Фудбал