ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА КАПИТЕНОТ НА ПЕРУ

УКИНАТА Е СУСПЕНЗИЈАТА: Гереро може да игра на Мундијалот

Врховниот суд на Швајцарија донесе одлука со која привремено му е укината казната на еден од најдобрите фудбалери во историјата на Перу...

објавено: 31 мај 2018 - 19:20

Напаѓачот на Фламенго и на селекцијата на Перу, Паоло Гереро во октомври беше позитивен на кокаин, по што ФИФА му изрекна суспензија од шест месеци забрана на играње на фгудбал.

Судот за спортска Арбитража во Лозана казната му ја продолжи на 14.месеци, што значеше дека Гереро не може да игра на Светскиот Куп во Русија.

Молба, капитенот на Перу сепак да се најде меѓу патниците за Мундијалот во Русија упатија капитените на повеќе национални тимови од целиот свет, но таа не беше усвоена од страна на ФИФА, па последната инстанца преставуваше Врховниот суд на Швајцарија, кој реши да ја промени пресудата на ЦАС.

„Паоло Гереро може да биде учесник на Светското првенство" - стои во соопштението на Врховниот суд нa Швајцарија како заклучок од пресудата по која на перуанскиот фудбалер привремено му се допушта да игра.

Некогашниот играч на минхенски Баерн дебитираше за Перу во 2004 година. А на 83. средби за националниот тим постигна 32. гола, со кои е најдобриот стрелец во историјата на оваа земја.

 

Најново во Меѓународен Фудбал