ЛИГА НА ЕВРОПА - 2. коло

Тричко погоди но АЕК Ларнака загуби, Елмас и Фенер славеа дома

Фенербахче победи со 2:0, а Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за турскиот гигант. Спировски остана на клупата на Спортинг во Украина, додека Тричко погоди во поразот на АЕК на гости во Германија.

објавено: 4 октомври 2018 - 20:52

По дебаклот на гостувањето во Загреб против Динамо во 1. коло од групната фаза, турскиот гигант Фенербахче на нашиот Елиф Елмас ја оставри првата победа во групната фаза во Лигата на Европа. Вечерва во Истанбул, „жолто-сините“ славеа со 2:0 против екипата на Спартак Трнава и се изборија за првите три бода во групата. Нашиот интернационалец ги одигра сите 90. минути во победата на тимот, која ја обезбедија двата погодоци на расположениот Слимани. 

   

Иако почна одлично, Тричковски со АЕК Ларнака не успеа да избори барем бод од гостувањето на „Бај Арена“ против екипата на Баер Леверкузен. Нашиот репрезентативец распали во 25. минута и донесе водство за Кипраните, но потоа следнуваше период на доминација на германскиот преставник кој до крајот на првиот дел израмни на 1:1, а потоа со уште два гола во второто полувреме дојде и до убедливи 3:1. АЕК намали во судиското продолжение на 3:2, но Германците веднаш вратија за конечни 4:2.

Стефан Ристовски, пак, остана на клупата во победата на неговиот Спортинг (Л) на гостувањето во Украина против екипата на Ворскла. Иако до 90 минута Спортинг губеше со 1:0, во последните 3 минути постигна два гол со кои се избори за конечни 2:1 и три бода од ова гостување.

Победа извојува и Динамо (З) на Аријан Адеми. Нашиот интернационалец одигра 90 минути во триумфот од 2:0 на гостувањето кај Андерлехт.

 

Најново во Меѓународен Фудбал