ПРЕМИЕРА ОД СОНИШТАТА ЗА ДОМАЌИНОТ НА МУНДИЈАЛОТ

СТРАШЕН СТАРТ: Руска „петарда“ за Арапите (ВИДЕО)

Москва е во транс, Русија исто така.... „Зборнаjа команда“ ја прегази Саудиска Арабија со (5:0). 

објавено: 14 јуни 2018 - 18:56

Москва е во транс, Русија исто така...
Нивниот фудбалски национален тим имаше фантастичен почеток на мундијалската приказна која е во нивна креација.
На отворањето на 21. По ред собир на најдобрите фудбалери на светот, Русија ја декласираше Саудиска Арабија со (3:0).
По двата гола во првиот дел, прво на Газински во 12.минута, а потоа и на Черишев во 43. минута.

Текот на на одличната руска игра го продолжи Артјом Ѕјуба со прекрасниот удар со глава реализиран во 71.минута од играта по центаршутот на Головин (негова втора асистенција на премиерата).

Односно само една откако истрча на преполниот „Лужњики" стадион, на местото на Смолов.

Но тука не беше крајот, затоа што во судиското надополнување, Ѕјуба одлично му ја додаде топата на Черишев, кој со еден феноменален шут со „надворешна“ ја „скина пајажината“ од аголот на голот на Саудиска Арабија за (4:0).

 А дека знае да дава голови, а не само да додава, Головин покажа пред последниот судиски свиреж. Маестрално го избеде слободниот удар за „петарда“ во мрежата на Арапите.

 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал