НЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ЛИГАТА НА НАЦИИ

Роналдо си зема нов одмор, нема да игра против Италија и Полска

Петкратниот најдобар фудбалер на светот Кристијано Роналдо повторно изостанува од списокот на репрезентацијата на Португалија за наредните два натпревари во Лигата на нациите.

објавено: 8 ноември 2018 - 17:00

Се потврдија приказните на португалските медиуми дека ѕвездата на Јувентус ќе ја прескокне комплетната групна фаза од новоформираното натпреварување, пред се за да се фокусира на оние клупски обврски.

Роналдо не играше за Португалија уште од Мундијалот во Русија, после што одлучи дека му треба одмор до крајот на оваа 2018 година.
На 17.ноември Португалците се на гости во Милано, каде ќе играат против Италија, а три дена подоцна ја чекаат Полска во Гимараеш.

Најново во Меѓународен Фудбал