НЕ ВЕРУВА ВО СВОИТЕ

НЕ Е РУСИЈА, НИТУ ПАК СРБИЈА: Путин изненади со својот фаворит!

Претседателот на Русија Владимир Путин, стигна да зборува за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во неговата родна земја.

објавено: 1 јуни 2018 - 17:30

Претседателот на Русија Владимир Путин, стигна да зборува за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во неговата родна земја.

И во таа прилика истакна која селекција има најмногу шанси да го освои трофејот.

„Многу репрезентации имаат најмалку по една врвна ѕвезда, некои и повеќе. Но Шпанија ги има на секоја позиција. Тоа е една од причините поради кои беа доминантни во квалификациите, без ниту еден пораз"- рече Путин на состанокот со новинарите во Москва, а пренесува шпанскиот „Ас".

Првиот човек на Русија потсети дека Шпанија беше на врвот на светот во 2014 година на СП во Јужна Африка, пред да го заврши своето натпреварување во групната фаза на наредниот турнир во Бразил, четири години подоцна.
Но и дека покрај тоа, ги гледа како топ-фаворити во Русија.
Инаку, Шпанците се дел од групата „Б" во првата фаза во која се уште и селекциите на Португалија, Иран и Мароко. А доколку ја поминат ги чека осминафинален дуел против една од четирите селекции од групата „А" во која се: Русија, Уругвај, Египет и Саудиска Арабија.

Најново во Меѓународен Фудбал