ДАЛИ Е ОВА ПОСЛЕДНА ШАНСА?

МЕСИ: Би ја заменил титулата на Барса за да ја освојам „богињата"

Фудбалерот на Барселона оваа сезона ја освои двојната титула во Шпанија, а вели дека сите тие успеси би ги заменил за титулата светски шампион со својата Аргентина на претстојниот Мундијал во Русија.

објавено: 28 мај 2018 - 12:42

Селекцијата на Аргентина во периодот од 2014 до 2016 година загуби три големи финалиња. Еднаш тоа беше на Светското првенство, а два пати на континенталниот шампионат на Јужна Америка, поради што Лео Меси, макар и на кратко, се повлече од тимот на гаучосите.

Сепак, петкратниот освојувач на Златната топка се врати во националниот тим, со уште поголема решеност, да остави свој траг во овој силен состав кој го има Аргентина.

„Би ја заменил титулата на барселона за титулата на Светското првенство. Да се освои Мундијалот со Аргентина би било нешто посебно, уникатно. Верувам во оваа група, работиме добро, и имаме играчи со мнпгу голем капазитет. Не мораме да испражаме порака дека ќе бидеме светски шампиони затоа што сме најдобри. Реалноста не е таква" - изјави Меси за една ТВ станица во неговата родна земја.

Меси ги коментираше и противниците на Аргентина во првата фаза на СП во Русија. Односно селекциите на Исланд, Хрватска и Нигерија кои се дел од групата „Д".

„На Европското првенство Исланд покажа деа е тешок противник за сите додека пак Хрватска е многу добра во средниот ред. Тие се како Шпанија, само на едно ниво под нас. Нигерија е исто така тим кој е секогаш предизвик за нас" - рече Меси.

Аргентина двапати беше светски шампион, во 1978 и во 1986 година, а во Јужна Америка немаат титула од 1993 година. Од тогаш, загубија дури четири финалиња, од нив два пати на Мундијалите во Италија (1990) и во Бразил (2014 година).

Најново во Меѓународен Фудбал