ГО ОСТАВИЈА СРЦЕТО НА ТЕРЕНОТ, ГО ПОБЕДИЈА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

ЛОЗАНО НИЗ СОЛЗИ: Ова е голот на мојот живот!

Напаѓачот на Мексико, Ирвинг Лозано беше воодушевен после победата на својот тим против актуелниот светски шампион Германија од (1:0)...

објавено: 17 јуни 2018 - 19:40

Напаѓачот на Мексико, Ирвинг Лозано беше воодушевен после победата на својот тим против актуелниот светски шампион Германија од (1:0)...

„Среќни сме, моите соиграли и јас направивме сјајна работа. Го оставивме срцето на теренот, ова е резултат на нашата вредна работа. Не знам дали ова е најголемата победа во историјата на мексиканскиот фидбал, но сигурно е една од најголемите. Голема работа е да се стартува на вистински начин, па уште против светскиот шампион" – изјави пресреќниот Лозано.

Напаѓачот на холандски ПСВ го постигна одлучувачкиот гол во 35.минута од играта.

„Ова е најдобриот гол во целиот мој живот. Сите сонуваме за тоа да играме на Светското првенство, и да тргнеме така позитивно во така ваќен натпревар... Мојот најдобар гол досега"- додаде Лозано.

Во второто коло од групата, Мексико ќе игра против селекцијата на Јужна Кореја, во сабота од 20.часот

Најново во Меѓународен Фудбал