ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ДАЛЕКУ ОД СВЕТСКИ ШАМПИОНИ, БАРЕМ НА ПОЧЕТОКОТ

ЛЕВ ПРИЗНАВА: Ова е разочарувачки, не сме навикнати да губиме на стартот

Со пораз од Мексико го започнаа Мундијалот во Русија светските прваци...

објавено: 17 јуни 2018 - 21:40

За прв пат, по далечната 1986 година, селекцијата на Германија нема победнички почеток на еден Светски шампионат. Таа година на СП во Мексико одиграа само (1:1) против Уругвај, а сега, во Русија почнаа уште полошо.
Загубија во премиерниот дуел од Мексико со минимални (1:0).

„Навистина е разочарувачки да го загубиш првиот меч, а тоа е ситуација на која ние не сме навикнати. На многу турнири ги добивавме првите мечеви, а сега мораме ова да го прифатиме. Постојат пречки кои мораме да ги прескокнеме, а на следниот меч мораме да бидеме подобри"- истакна селекторот на Германија Јоаким Лев.

Немаше потреба да биде прашуван, продолќи во „исто темпо" предводникто на „панцерите"...

„Во првото полувреме игравме многу лошо, не можевме да го наметнеме нашиот вообичаен стил на игра, Напаѓавме, но имаше многу контранапади, бевме ранливи. Во второто полувреме направивме притисок на противникот, но Мексико се повлече и брзо ја изнесуваше топката. Имавме неколку дари, но немавме среќа затоа што топката не сакаше во голот. Сите сме тажни и со наведнати глави, но ова мораме да го оставиме зад себе. Нашиот тим има искуство и во поразите".

 

Најново во Меѓународен Фудбал