В ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВААТ МЕЧЕВИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ГРУПНАТА ФАЗА

Кој е фаворит за титулата во Лига Европа, каде се Македонците? (ФОТО)

Светските обложувалници го предвидуваат победникот, освојувачот на трофејот за оваа натпреварувачка сезона 2018/2019 во второто по ред најквалитетно европско фудбалско натпреварување.

објавено: 20 септември 2018 - 11:45

Обложувалниците предвидуваат дека Челзи е најголем фаворит за титулата, па ако сакате да се обложите на лондонските „сини", квотата е 6.50.

Зад Челзи, на втората позиција се наоѓа Арсенал (10.00), додека третото место го има шпанскиот тим на Севиља (13.00).

Од клубовите на македонските интернационалци, најдобропласиран е Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски на 11. позиција (41.00)

Потоа, Фенербахче на Елиф Елмас е на 15. место (51.00), за Динамо Загреб на Аријан Адеми квотата е 151.00, додека некаде помеѓу последните позиции се наоѓаат АЕК Ларнака (251.00) на Иван Тричковски и Даниел Мојсов, и МОЛ Види на Бобан Николов (251.00)

Денеска во првото коло од 18:55 часот МОЛ Види е домаќин на БАТЕ Борисов, потоа од 21:00 часот АЕК Ларнака го пречекува Цирих, во истиот термин Спортинг игра со Карабах, а на „Максимир" е македонскиот дуел помеѓу Динамо Загреб и Фенербахче.

Најново во Меѓународен Фудбал