СИМНАТИ СИТЕ ДИЛЕМИ

Далиќ останува селектор на Хрватска

Предводникот на „коцкестите" до најголемиот нивни фудбалски успех ќе остане на првата тренерска функција, објавија од ХНС...

објавено: 9 август 2018 - 13:49

После освојувањето на второто место на Мундијалот во Русија, Златко Далиќ не сакаше да зборува за својата иднина на клупата на хрватска.

Сепак, после состанокот со претседателот на федерацијата, Давор Шукер, Далиќ одлучи да ја предводи Хрватска и во новоформираната Лига на нации.

„Ми беше важно отворено да разговарам со Шукер за сите теми и му се заблагодарувам на разбирањето за она што не го сметав за коректно. Сметам дека ги решивме тие теми и им се радувам на новите предизвици"- рече Далиќ.

Очигледно е дека тој прифатил нов договор од ХНС, па објавено е дека на 20. август ќе го соопшти списокот на играчи за пријателскиот натпревар против Шпанија и Португалија.

„Беше убаво да се присетиме со Златко на прекрасните моменти од Светското првенство, а сребрениот медал е доказ дека сите кои беа вклучени во таа приказна одработија врвна работа. Драго ми е што разговаравме отворено, и за она што може да биде подобро во иднина, и дека заедно одиме кон нови победи"- искоментира Шукер.

Најново во Меѓународен Фудбал