Во изминатиот период доста турбуленции имаше во клубот од С

БУРА НА „ПОЉУД": Сменетиот тренер заврши во болница!

Во изминатиот период доста турбуленции имаше во клубот од Спилит, а официјално е потврдено дека Жељко Копиќ веќе нема да биде тренер на „белите"...

објавено: 7 септември 2018 - 22:45

На „Пољуд" е донесена одлука за споразумно прекинување на соработката со досегашниот тренер кој веднаш потоа го напушти Сплит и замина за Загреб.

„Живеев за Хајдук во последните десет месеци најинтензивно жто можев, а раздлебата бепе исто таква. Му благодарма на преседателот и на целито клуб, на мислење сум дека разделбата, барме во овој момент, е најдоброто решение"- кажа сега веќе порнашениот тренер на Хајдук Жељко Копиќ.

Сплиќаните многу лошо ја отворија сезоната во ХНЛ лигата, во првите шест кола запишаа четири нерешени игри и два порази. Со четири бода Хајдук го зазема дури осмото место на табелата, а има десет бода помалку од првопласираниот Динамо.
Хрватските медиуми пренесоа и дека во четвртокот после големата бура во клубот, Копиќ завршил и во болница поради притисок во градите и дека е задржан на прегледи. Се наведува дека негов наследник на клупата би требало да биде легендарниот фудбалер Игор Тудор.

Најново во Меѓународен Фудбал