НИГЕРИЈЦИТЕ ИМААТ СВОИ, МАКАР И „ЧУДНИ ОБИЧАИ“

БАРАЊЕТО Е ОДБИЕНО: Можат само „супер орлите", не и кокошките

Одбиено е барањето на навивачите на Нигерија на стадионот во Каљининград внесат живи кокошки

објавено: 15 јуни 2018 - 11:00

Инаку фановите на „супер орлите" на натпреварите на нивниот национален тим носат кокошки обоени во зелено, со верба дека му носат среќа на тимот.

Сепак властите во Русија немаа разбирање за нивното барање.

„Во нашиот информативен центар стигнуваат најразлични барања. Па така, навивачите на Нигерија прашаа дали можат на стадионот да внесат кокошки. Тоа е нивниот симбол кој инаку го користат, но им одговоривме дека тоа не доаѓа в предвид"- рече министерот за Култура и туризам на областа Каљининград.

Андреј Јермак додаде дека Нигеријците ќе ги упатат каде можат да купат кокошки ако сакаат на некое друго место да ја бодрат својата национална селекција.
Првио мел на СП Нигерија го игра на 16. Јули против Хрватска, од 21. часот.
Инаку истото ова барање „супер орлите" го имале и на Светското првенство 2010 година, но и тогаш не им беше одобрено.

Најново во Меѓународен Фудбал